Нема шанси да го препознаете „Принцот на Рим“, Тоти маскиран шета низ улиците на вечниот град (ФОТО)

EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Легендата на Рома, Франческо Тоти, ја искористи можноста мирно да се прошета низ улите на Рим, а да не биде запрен од љубопитните навивачи.

Миленикот на навивачите на Рома, без проблем се прошета низ центарот на Рим во време на пандемијата на коронавирусот благодарение на маската на лицето но и качкетот на главата.

„Принцот на Рим“ до пред неколку месеци не можеше да се замисли како шета низ Рим, а да не биде запрен од минувачите и навивачите. Тоти неодамна изјави дека му недостасуваат прошетките низ Рим:

– Кога ќе биде дозволено, ќе го искористам моментот што нема туристи за да прошетам низ центарот на Рим – изјави поранешниот капитен на Рим, а денеска конечно му се исполни желбата мирно да се прошета низ својот роден град.

твитер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот