Нема самба во февруари под притисок на ковид-19: Карневалот во Рио се поместува за јули во 2021 година

Фото: EPA-EFE/FABIO MOTTA

Светски познатиот карневал во Рио де Жанеиро ќе се одржи во јули во 2021 година, соопштија градските школи за самба, бидејќи традиционалните поворки во февруари се одложени поради пандемијата на ковид-19.

Меѓутоа и новиот терминм истовремено, ќе зависи од расположливоста на вакцината и од владината одлука за прогласување на неработни денови во јули на национално ниво, наведува Лиеса, главното Здружение на школи за самба, која го организира карневалот.

– Школите за самба одлучија дека карневалот ќе се одржи во јули. ако дотогаш има вакцина и ако се прогласат неработни денови, изјави портпаролот на Лиеса, Винсенте Датоли за АП.

Карневалот традиционално се одржува во февруари или во март

Карневалот кој на улиците вади разиграно мнозинство на луѓе не само во Рио де Жанеиро, туку и низ Бразил, традиционално се одржува секој февруари или март.

Настанот секоја година привлекува безброј туристи, а секое школо е застапено со преку 3.000 изведувачи во специјално дизајнирани костими кои со близок контакт играат и пеат долж Самбодромот.

Со 166.000 починати од ковид-19, Бразил е на второто место во светот, по САД, и на земјата и се заканува втор бран на пандемијата.

Поради ковид-19, веќе е откажан традиционалниот новогодишен огномет на познатата плажа Копакабана во Рио де Жанеиро која привлекува над милиони посетители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот