Нема ново изненадување, Суперкупот за Вардар

фото: вардарфанс

Вардар ја искористи првата можност да му се одмазди на Металург за поразот во финалето на ланскиот Куп на Македонија. Вардарци релативно лесно, иако резултатот вели поинаку, со 26:24 го победи Металург во Супер купот.

„Црвено-црните“ доминираа во текот на целиот натпревар, а на полувреме веќе имаа убедлива предност од шест голови (16:10). Во второто полувреме, Металург се обиде да се врати во игра но нивните обиди не зависеа од нив, туку од противникот. Веќе во 45. минута вардарци имаа предност од седум голови (25:18) по што тренерот Давид Писонеро одлучи да им даде шанса на сите ракометари, и таа ситуација ја искористи Металург кој со серија од 5:0 дојде до пристоен пораз од 26:24.

Најпрецизни кај освојувачот на Суперкупот беа руските репрезентативци Сергеј Горбок и Тимур Дибиров со по постигнати 6 голови, Глеб Калараш даде 4, додека кај Металург се истакна младиот Стефан Додиќ со пет постигнати голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот