Нема да има тенис годинава

twitter/#AusOpen

Тениската сезона е одложена до 8. јуни поради пандемијата на коронавирусот, но се поизвесно е дека нема да има повеќе тенис во 2020 година. Директорот на Австралија Опен, Крег Тили е првиот кој јавно излезе со ваков став.

Мислам дека тенисот нема да се врати во 2020 година. Ќе биде тешко да се врати оваа година според тоа што го знам и што го слушам. Се подготвуваме за најлошото, а се надеваме на најдоброто – изјави Тили за медиумите во Австралија.

Тој својот став го објасни со тоа што пандемијата на коронавирусот не стивнува, не се знае до кога ќе биде ваква состојбата и доколку тенисерите добијат зелено светло за настап, тие ќе мора да патуваат низ целиот свет што е навистина тешко во ваква ситуација.

Фактите и податоците не се охрабрувачки. Беше започнавме со подготовките за Австралија Опен за идната година, но дотогаш мора да се завршат многу работи. Календарот веќе трпи измени и тоа создава главоболки, а замислете како би било кога и останатите големи турнири ќе го следат примерот на Ролан Гарос и ќе ги презакажат за друг термин. Сите сакаме да има тенис, но според сегашните податоци мислам дека сезоната во 2020 година е завршена – заклучи Тили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот