Неколку реки се излеаја од коритата низ Британија, поплавени над илјада домови

Поплави во Британија / Фото EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Голем број реки ширум Британија се излеаја од коритата по обилните дождови што ја натераа владата да издаде повеќе од 300 предупредувања за поплави, а туристичките оператори објавија сериозно нарушување, при што досега се оштетени околу илјада домови. Серијата бури во последните недели значеше долготрајни врнежи од дожд кои почнаа да паѓаат на заситена земја вчера и брзо предизвикаа веќе надојдените реки да се излеат од коритата низ Англија и Велс.

Невремето во последните денови предизвика поплави и во други делови на Европа. Реката Трент во централна Англија се излеа од коритата, загрозувајќи го населението. Лондонската противпожарна служба синоќа соопшти дека морала да придружува околу 50 луѓе на безбедно, откако канал се излеа во источниот дел на главниот град.

„Се разбудивме, како што многу луѓе ќе видат, во многу влажна ситуација низ целата земја“, изјави за Би-Би-Си Керолин Даглас, директор за управување со поплави во Агенцијата за животна средина.

Даглас рече дека досега се поплавени околу илјада домови. Од британската железница соопштија дека некои од нејзините линии на југот на земјата се во прекин. Патиштата беа затворени и во најтешко погодените области. За денеска се предвидуваат пообилни врнежи од дожд, иако не со ист интензитет како во текот на ноќта, а потоа се очекува посуво време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот