Неколку факти за производите за слабеење

профимедиа

Сите оние кои водат битка со вишокот килограми, сигурно повеќе пати посакале да постои некоја волшебна таблета која ќе им ги реши проблемите. Многу реклами на производи на мултимилионски компании тврдат дека токму таква таблета продаваат.

Ви ја откриваме вистината за разните додатоци кои ни „помагаат“ да ослабнеме.

Постојат голем број на суплементи за слабеење, а тука спаѓаат и различни чаеви, таблети, па дури и волшебно чоколадо кое ни помага да изгубиме килограми. Сите овие производи функционираат на неколку начини: го потиснуваат апетитот, го забрзуваат метаболизмот, или го спречуваат телото да ги апсорбира мастите кои ги внесуваме.

Еве неколку важни факти кои треба да ги знаете пред да се впуштите во купување на апчиња за слабеење.

Билни производи

Горчливиот портокал се користи за оваа цел со векови во различни делови на светот. Со негово консумирање на природен начин телото ја ослободува хемикалијата синефирн која ја поткрева енергијата и го потиснува апетитот. Сепак, оваа хемикалија од друга страна може да има и многу штетни последици зашто предизвикува покачен крвен притисок кој пак, со себе носи повеќе ризични состојби.

Екстракт од кактус

Бидете многу внимателни. Немојте да мислите дека се што се продава е безбедно и ефикасно. Многу билни суплементи за слебеење кои се во продажба не се долгорочно тестирани, па не знаеме какво дејство тие производи имаат. Особено бидете внимателни со производите кои се продаваат онлајн.

Најсигурни ќе бидете доколку таблетите за слабеење ви ги препише лекар и задолжително да се придржувате до препишаната доза зашто во спортивно, може да дојде до многу компликации како што е забрзаната работа на срцето, несоница и друго.

Секогаш се враќаме на старата препорака – ако сакаме да загубиме килограми на здрав начин, единствена опција е здравата и балансирана исхрана во комбинација со физичка активност. Пократок пат нема.

Единствена мала тајна која можете да ја користите за да го забрзате метаболизмот од рано утро е кофеинот. Испијте на „празен желудник“ шолја црно кафе без билокакви додатоци и на тој начин ќе го забрзате метаболизмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот