Неколку деца во Франција се отруле од замрзната пица на „Нестле“, едно дете починало

пица
Пица / Фото: Unsplash

Неколку деца во Франција завршија во болница, а едно почина откако јаделе замрзната пица „Fraîch’Up“, произведена во париската фабрика Нестле, пишува Ле Монд. Децата биле заразени со ешерихија коли, покажале прелиминарните анализи.

Овие трагични настани оставија неколку скршени семејства во Франција. Осумгодишно момче во Париз почина од хемолитичко-уремичен синдром, а 12-годишно девојче завршило во вегетативна состојба. Срцето на едно 7-годишно момче застанало неколку пати, додека членовите на едно семејство се во критична состојба.

Уште на крајот на јануари во болница завршиле три деца кои се уште имаат здравствени последици бидејќи ја изеле пицата. Ле Монд пишува дека овој случај го истражувала француската агенција за јавно здравје заедно со Институтот Пастер. Потврдија дека за труењето е виновна замрзнатата пица.

Покрај ова, тие потврдиле 53 случаи на труење и два смртни случаи кај деца, а се истражуваат уште 26 потенцијални случаи. Се смета дека овие случаи би можеле да бидат поврзани и со консумирање на оваа замрзната пица.

Во јануари децата завршија во болница, производството прекинало дури во март

Многумина сметаат дека на француските власти им требало премногу време да реагираат.

Пјер Дебисон, адвокат на едно од семејствата погодени од ваквите случаи, вели дека првите хоспитализации се случиле во јануари, а дури на 18 март било прекинато производството во фабриката.

„Тие дозволија производите да се продаваат и отруја повеќе деца“, коментира адвокатот. Нестле засега не ја коментира ситуацијата со пицата и труењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот