Нејмар се откажува од 65 милиони само да се врати во Барселона

Фото: EPA/ALEJANDRO GARCIA

Каталонските медиуми објавија дека Нејмар ги договорил личните услови со претседателот на Барселона, Бертомеу за враќање во клубот од кој пред две години замина за рекордни 222 милиони евра во ПСЖ.

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека Нејмар по секоја цена сака да се врати во Барселона и поради тоа направи неколку потези со кои се надева дека ќе се забрза трансферот. На претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи јавно му соопшти дека нема намера повеќе да игра за францускиот тим, ги наруши односите со својот татко кој поради големите провизии сака неговиот син да остане во Париз, а понудата на Барселона усно ја прифати иако тоа значи дека се откажува од дури 65 милиони евра.

Платата на Нејмар во Барселона ќе изнесува 24 милиони евра, исто колку што имаше и во првиот мандат во каталонскиот клуб, а тоа е дури 13 милиони евра помалку од примањата кои ги има во ПСЖ. Се очекува Нејмар да потпише петгодишен договор со Барселона со што тој би останал покус за 65 милини евра.

„Спорт“ исто така носи уште една ексклузива за Барселона, на 1 јули, нов играч ќе биде и Антоан Гризман. Барселона чека да дојде 1 јули за да ја активира клаузулата која изнесува 120 милиони евра, а Гризман исто како и Нејмар треба да потпише петгодишен договор со кој ќе има 17 милиони евра плата во првата година која ќе расне секоја година за дополнителен милион евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот