Нејмар ќе може да му помогне на Бразил само во финалето?

Фото: EPA-EFE/Ali Haider

Во натпреварот од првото коло во групната фаза кој Бразил го доби со 2:0 се повреди Нејмар, а иако се очекуваше Нејмар да биде спремен за нокаут фазата тоа изгледа нема биде случај.

Селекторот Тите најави дека бразилската ѕвезда ќе му се стави повторно на располагање на овој Мундијал, меѓутоа по последните прегледи шансите за такво нешто се мали. Рехабилитацијата на Нејмар тече побавно од очекуваното.

Според таткото на Нејмар, Да Силва Сантош напаѓачот на ПСЖ би можел да се врати дури за големото финале, секако ако Бразил стигне таму.

„Нејмар? Очекувам да се врати навреме за финалето. Тој ќе направи се за да му помогне на Бразил. Најважно е да се врати тогаш когаќ е биде здрав. Сите знаат колкаво влијание има мојот син врз овој тим, не сакаме да брзаме со враќањето“, изјави таткото на Нејмар.

„Кариоките“ пласманот во осминафиналето го обезбедија после двете стартни победи против Србија и Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот