ФОТО | Бразил стравува: Зглобот на Нејмар не изгледа добро

Фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Вечерва Бразил ја победи Србија, а еден од најактивните на теренот беше Нејмар, но тој беше и веројатно најфаулираниот фудбалер на теренот. Поради еден старт на Миленковиќ бразилската јавност сега е загрижена за еден од своите најдобри фудбалери.

По дуелот со српскиот дефанзивец Нејмар го свитка зглобот и веднаш им сигнализираше на докторите дека има силни болки. Се обиде да остане на теренот, меѓутоа во продолжение Тите го замени.

Фоторепотерите кои беа блиску до клупата на Бразил го „уловиле“ при излегувањето од теренот и од фотографиите може да се заклучи дека неговиот зглоб воопшто не изгледа добро. Нејмар ќе биде неизвесен за вториот натпревар и повеќе за повредата ќе биде познато после дополнителните медицински прегледи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот