Негувателка од градинка и осум деца во изолација во Неготино

градинка

Негувателка од градинка е позитивна на коронавирус. Осум деца и една негувателка се во изолација во Неготино, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Позитивно на вирусот е и едно наставно лице од Кавадарци, кое држело онлајн настава.

Центарот бележи и едно починато лице од Кавадарци, на возраст од 61 година.

Инаку, во четирите општини од регионот, во последните 24 часа се регистрирани 49 лица позитивни на Ковид-19. Во Кавадарци 32, во Неготино 12, Демир Капија 4 и едно лице во Росоман.

Тие се на возраст од 16 до 81 година. Се утврдуваат нивните контакти, со цел да се изолираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот