Неговите соиграчи тренираат во изолација, а Ибра веќе дава голови (ВИДЕО)

twitter.com/goal

Во Шведска мерките во борбата против коронавирусот не се така драстични, па можат да си дозволат играње на пријателски натпревари.

Поради пандемијата на коронавирус се прекинати скоро сите фудбалски шампионати, а легендарниот Златан Ибрахимовиќ се наоѓа во Шведска и успеа да одигра натпревар.

Додека неговите колеги од Милан тренираат во изолација, шведскиот фудбалер тренира во својата земја со екипата на Хамарби на чиј клуб е сопственик.

Во Шведска мерките во борбата против коронавирусот не се така драстични, па можат да си дозволат играње на пријателски натпревари.

Ибра одигра контролни мечеви против составите на аматерските екипи Бајанс и ИК Фреј и реализираше гол.

Благодарност што ми дозволија да тренирам со екипата сега кога во Европа скоро секаде е затворено, а особено во Италија, каде не можете да тренирате нормално и каде мора сето време да бидете дома – рече Ибрахимовиќ после натпреварите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот