„Неговата екселенција“ сакаше да се вози со Ролс Ројс

EPA-EFE/PETER POWELL

Жозе Мурињо конечно го прекина молкот и почна да зборува за конфликтот со Пол Погба и почна да ги објавува пикантериите со соблекувалната на Манчестер јунајтед.

Не е тајна дека Мурињо мораше доби отказ поради слабите игри на екипата но и постојаните конфликти кои ги имаше со првата ѕвезда на екипата, Пол Погба. И додека Французинот во изминатите месеци повремено изнесуваше пикантерии од односот со Мурињо, тренерот молчеше. Но сега Мурињо одлучи дека е време да возврати.

„Игравме во место оддалечено 30 километи од Манчестер и играчот ме праша дали смее да се врати со сопствен превоз, без екипата. Му кажав: Да бевме во Лондон и да сакаше да останеш таму тоа ќе беше разбирливо, но кога си вака блиску до Манчестер тоа нема логика. Беше гневен, но кога заврши натпреварот, повторно ме праша. Бидејќи бев среќен поради победата попуштив на неговото барање и му кажав да тргне со автобусот и да му каже на шоферот да те почека на 10 минути од стадионот и потоа оди каде сакаш. Но тој беше незадоволен, а по прес конференцијата отргнав кон автобусот и до него беше паркиран Ролс Ројс со шофер во него. Тоа беше нов автомобил и „неговата екселенција“ сакаше да си замине со Ролс Ројс“ открива Мурињо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот