Неделен ручек за целото семејство – Сочно пилешко на француски начин (РЕЦЕПТ)

Погледнете што се ви е потребно за да го подготвите сочното пилешко на француски начин…

Состојки:

цело пиле, исечено на парчиња

За маринадата:

½ литар црно вино
поголема главица кромид
2-3 лаврови листа
2-3 гранчиња свеж магдонос
2 поголеми моркови
2 чешниња лук
1 лажица бибер во зрно

 

Додатоци:

250 грама сланина
250 грама шампињони
разматена коцка за супа во ½ литри вода
100 милилитри коњак
3 лажици маслиново масло
1 лажица брашно

Приготвување:

Во сад ставете ½ литри црно вино, ситно исечкајте кромид и морков на кругови, па додајте лажица бибер во зрно, лавров лист и магдонос. Во така приготвената маринада, маринирајте го пилето исечено на парчиња 24 часа.

Извадете го пилето од маринадата, исцедете го и извадете го и зеленчукот.

Во подлабоко тавче загрејте маслиново масло, испржете го пилешкото од сите страни и прелејте го со коњак. Извадете го пилешкото и во истото масло издинстајте го зеленчукот од маринадата околу 5 минути, па додајте лажица брашно и вратете го пилешкото.

Ситно исечкајте лук и наросете го на пилешкото, прелејте го со маринадата и разматената коцка за супа. Зачинете со сол и бибер и гответе го на тивок оган околу 60 минути.

Половина час пред крајот на готвењето, во длабоко тавче пропржете ги сланината и шампињоните. Додајте ги во пилешкото и загревајте го сето тоа уште 15 минути.

Послужете го со пире од компир и уживајте во традиционалниот рецепт од француската кујна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот