Не знаеле каде влегле: Расел Кроу и Стинг завршиле на свингерска забава

Фото: Профимедиа

Австралискиот актер Расел Кроу (57) на „Твитер“ објави детали од минатото, за тоа како го поминал времето по концертот на групата „Police“ во Ирска.

После настапот во Даблин во 2007 година, пејачот на групата Стинг (69) го однел Расел во локалeн паб, кој во тој момент случајно бил домаќин на свингер настан.

Ѕвездата на „Гладијатор“ напиша дека по состанокот со Стинг, случајно се нашле во клубот, каде во тек била – свингерска вечер.

Расел Кроу во тоа време беше оженет со Даниел Спенсер, со која има два сина.


Ова сеќавање на деталите од минатото доаѓа во пресрет на ангажманот на актерот во филмот, психолошкиот трилер – „Poker Face“.

Според „Сандеј телеграф“, станува збор за филм во режија на Гери Фледер, чие снимање ќе започне следниот месец во Австралија.

Од познатите актерски имиња, во филмот ќе се појави и ѕвездата Натали Портман.

„Poker Face“ е приказна за технолошкиот милијардер Џејк (кој го глуми Расел Кроу) кој ги собира пријателите од детството на неговиот имот во Мајами, што се претвора во покер со високи влогови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот