НЕ САКА ДА ГО ПОГЛЕДНЕ: Лејди Гага бега од Бредли, а само едно нешто ѝ ја гризе совеста

лејди гага бредли купер
Фото Профимедиа

Лејди Гага и Бредли Купер веќе го немаат истиот пријателски однос како порано. Пејачката одбива да се види со актерот и го држи на дистанца.

Досега многупати се тврдеше дека тие двајца имаат посебен пријателски однос, како и неверојатна хемија која од филмското платно ја пренесоа и на настапот за време на доделувањето на Оскарите.

Озборувањата за нивната врска траат од премиерата на филмот, па преку нејзината разделба со свршеникот, сè до разводот на Бредли и Ирина Шајк. Ѕвездите демантираат дека се работи за какво било неверство.

Но, поради притисокот и постојаните обвинувања дека таа е виновна за нивниот развод, Лејди Гага одлучила да се држи настрана од Бредли Купер и со ништо да не дозволи да бидат подгревани различните озборувања.

Таа дури и чувствува грижа на совест што никако не му помогнала на својот пријател да го спаси својот брак, но дека во овој момент е попаметно за сите тие да се држат понастрана еден од друг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот