Не постои такво нешто како „јаглеродно неутрална“ банана или пластично шише

Фото: Unsplash

Европското тело за надзор на потрошувачите БЕУЦ ја повика ЕУ да ја забрани употребата на тврдења како „јаглеродно неутрално“ за сите производи, вклучително и храна и пијалоци. Лажните пораки, како што се наведува, се широко распространети во прехранбениот сектор и ги збунуваат потрошувачите.

„Карбон неутрал“, „карботн диоксид неутрал“, „карбон сертифајд“ се само дел од ознаките кои дури 10 организации на потрошувачи од Европската унија ги пријавиле како проблематични, бидејќи клиентите не разбираат што значат ваквите пораки, но сепак избираат тие производи, имајќи предвид дека се оние произведени под посебни услови. Инаку, објавено е дека етикетите може да се видат на сите преработени производи, од свинско до банани.

Постоечката регулатива дозволува да се интервенира само откако ќе се направи штета на потрошувачите, па се смета дека ова е и можност да се реагира бидејќи потрошувачите се доведени во заблуда. БЕУЦ повика на целосна забрана на таквите тврдења за неутралност на јаглеродот, бидејќи, како што се вели, тие се научно недокажани и неточни бидејќи производството на сите видови храна и пијалоци секогаш ќе бара емисии на јаглерод.

– Не постои такво нешто како „јаглеродно неутрална“ банана или пластично шише со вода. Тврдењата за неутралност се димна завеса што остава впечаток дека компаниите преземаат сериозни мерки за влијанието на климата. Точно е дека со години одложуваат активности кои би донеле многу повеќе придобивки – изјави Моник Гојан, директорка на БЕУЦ, објави Политика.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот