НЕ Е САМО МАДОНА: И овие ЅВЕЗДИ ќе се појават на евровизиската сцена

Eurovision.tv

Вечерашното финале на Евровизија се отвора со настап на минатогодишната победничка Нета, која успеа да го донесе фестивалот во Тел Авив, благодарение на впечатливата сценографија и заразниот ритам.

Кулминацијата на шоуто ќе ја донесе Мадона, која ќе настапи со безвременската „Like a Prayer“ и новата песна „Future“. Нејзиниот настап е предвиден да се случи меѓу 8. и 9. натпреварувач во финалето, односно веднаш по нашата Тамара.

Меѓутоа, на евровизиската сцена ќе се појават и многу ѕвезди кои изминатите години настапиле и останале забележани. Меѓу нив се и Дана Интернешенел, победничка на Евровизија во 1998 година. Потоа, Верка Сердучка, претставник на Украина, Кончита Вурст од Австрија, Манс Зелмерлев од Шведска и Елени Фуреира, која лани настапуваше за Кипар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот