Не е нормално Милан да не игра во Лигата на шампионите

Златан Ибрахимовиќ// фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Златан Ибрахимовиќ во интервју за „Кориере дело Спорт“ вели дека се вратил во Милан за да ги промени работите кај „росонерите“.

Швеѓанецот е еден од најзаслужните за препородот на Милан кој започна минатата година, а оваа сезона „росоњерите“ се лидери на табелата. Ибрахимовиќ на 12. натпревари оваа сезона во сите натпреварувања постигна 11 голови, од кои десет даде во Серија А.

– Мино Рајола ми рече дека е лесно да се прекине кариерата во САД и да се обидам да ја завршам сезоната во Европа. Затоа го изграв Милан кој беше најтежок предизвик. Не ме интересираа работи каде имате покер во раката, туку невозможното. Тука во Милан се чувствувам како лидер. Пред десет години овој Милан беше сосема поинаков, а сега е млад тим и тоа не е моја заслуга. Точно е дека работиме одлично, но сè уште ништо не сме освоиле. Постои желба да се направи нешто повеќе, на пример мене ме интересира дали на крајот од сезоната ќе биде само зимски шампиони или шампиони на Серија А – вели Ибрахимовиќ.

Одличниот напаѓач смета дека Милан мора да игра во Лигата на шампионите.
– Прерано е да се зборува за такво нешто, имаме цела полусезона пред нас. Милан предолго време беше надвор од елитата и тоа не е нормално, ниту за клубот ниту за навивачите. Со должен респект кон Аталанта, но не знам што се случи за тие да играат во ЛШ, а Милан не. Дојдов да го променам тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот