НБА плеј-оф: Денвер не се предава, Клиперси го наполнија кошот на Далас (ВИДЕО)

epa08625787 Denver Nuggets center Nikola Jokic (L) shoots a three point shot over Utah Jazz center Rudy Gobert (R) during the first half of the NBA basketball first-round playoff game five at the ESPN Wide World of Sports Complex in Kissimmee, Florida, USA, 25 August 2020. EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO SHUTTERSTOCK OUT

Кошаркарите на Денвер нагетс ја совладаа Јута со 117:107 во петтиот натпревар и избегнаа испаѓање од плеј-офот.

Џамал Мареј и Никола Јокиќ не дозволија третиот најдобар тим во Западната конференција да биде елиминиран во плеј-офот само во пет натпревари и со триумфот од 117:107 ја намалија предноста на Јута на 2:3 во победи.

Џамал Мареј постигна 33 од вкупно 42 поени во второто полувреме, додека Никола Јокиќ беше одличен во првата четвртина кога даде 21 поен без промашување во натпревар во кој двете екипи имаа свои моменти кога не знаеја да промашат.

Во првата четвртина Денвер беше одличен, потоа Јута доминираше во втората и на стартот од третата кога дојде и до 14 поени разлика, но Мареј успеа да го врати својот тим во живот. Токму Мареј во последната четвртина при резултат 101:101 постигна девет поени во серија со што го одлучи победникот.
Кај Јута вообичаено, Донован Мичел по двата претходни натпревари на кои даде повеќе од 50 поени, овој пат застана на 30 поени.

Далас маверикс доживеа тежок пораз од ЛА Клиперс од 154:111 во петтиот натпревар од плеј-оф серијата. По трите катастрофални натревари, Пол Џорџ конечно се пронајде и постигна 35 поени за 25 минути, а неговиот тим на крајот постигна 154 поени и собори неколку клупски рекорди.

Клиперси постигнаа најголем број напоени во клупската историја на еден плеј-оф натпревар, ја остварија најубедливата победа како и највеќе постигнати поени. Натпреварот беше одлучен уште во првата четвртина со неверојатната серија на клиперс од 24:2 по што Далас не можеше да се врати во игра.

Освен Џорџ, одлична партија одигра и Каваи Ленард кој даде 32 поени, додека на спротивната страна Лука Дончиќ застана на 22 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот