Наводите на ЕУ за дезиформации од Русија за коронавирусот покажуваат русофобична опсесија

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Наводите на ЕУ за руска кампања на дезинформирање за коронавирусот ја покажуваат русофобичната опсесија, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи го извештајот на Европската служба за надворешни работи, која тврди дека некои руски медиуми покренале голема дезинформациска кампања, со цел да ја влошат кризата со коронавирусот во западните земји.

– Од гледна точка на здравиот разум, јас тоа не можам да го коментирам – истакна Песков, додавајќи дека документот не содржи ниту примери, ниту наводи од посебни медиумски извештаи.

Според портпаролот на рускиот претседател, станува збор за неосновани обвинувања.

– Всушност, можеше да се очекува дека оваа русофобична опсесија ќе исчезне во моментната ситуација, но веројатно таа не исчезнува – нагласи Песков.

Претходно, службата на ЕУ за борба против дезинформации констатира дека руските и проруските медиуми шират лажни информации за коронавирусот.

ЕУ алармира: Да се внимава на руски дезинформации за коронавирусот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот