Навивачите на Јуве изненадени од првиот потег на Пирло! (ФОТО)

фото: facebook.com/Juventus/

Андреа Пирло дојде како наследник на Маурицио Сари на тренерската клупа на Јувентус, а сега фановите со нетрпение ги очекуваат евентуалните промени кои ќе ги направи новиот стратег.

Според „Скај Спорт“ италијанскиот шампион го контактираше Шалке околу услугите на американскиот интернационалец Вестон МекКени.

Има 21 година и може да игра на неколку позиции во средниот ред, а „Старата дама“ ќе се обиде прво да го ангажира како позајмица со право на откуп.

Јуве му нуди три милиони евра на германскиот клуб за едногодишна позајмица, а потоа се очекува за 18 милиони евра да го откупи неговиот договор.

Шалке зад себе остави сезона за заборав во која го освои 12 место во Бундеслигата, а токму МекКени беше една од ретките светли точки во екипата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот