Навивачите на Барселона контра Меси: Аргентинецот не е најголемото име кое некогаш играло на „Камп Ноу“

Фото: EPA-EFE/Jose Manuel Vidal

Лионел Меси без сомнение е светска фудбалска легенда уште сега кога е активен играч, а воедно е и најдобар стрелец во историјата на Барселона, но навивачите на каталонскиот тим не сметаат дека тој е најголемото име кои некогаш заиграло во овој клуб. Меси во анкетата која ја спроведе интернет страницата Ранкер, го зазеде второто место, а на првото место му припадна на неговиот сонародник.

EPA-EFE/CANAL 13

Според навивачите на Барселона, најголемо име кое некогаш заиграло во Барселоа е е Диего Марадона. На листата на десетте најголеми фудбалери кои заиграле се најдоа и Луис Суарез, Жерар Пике, Роналдо, Карлес Пујол, Чави Ернандез, Андрес Иниеста, Јохан Кројф и Роналдињо.

Интересно е што на листата од најголемите десет фудбалски имиња кои некогаш го носеле дресот на Барселона, не се наоѓа Бразилецот Нејмар на кого навивачите сè уште не можат да му го простат предавството кога во 2017 година потпиша за ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот