Навас „последен се смее“, Куртоа со повеќе примени голови од одбрани! (ФОТО)
Неверојатно звучи податокот за досегашниот дел од сезоната дека белгискиот голман на Реал Мадрид има повеќе примени голови од одбрани.
Тибо Куртоа има само 11 одбрани, а прими 12 голови во сите натпреварувања, последниот го имаше во саботата во изненадувачкиот пораз на гостувањето кај Мајорка на нашиот Трајковски.
Секако од голманот на Реал се очекува обврската, без разлика дали таа ќе биде мала или голема во текот на еден натпревар да ја заврши на врвно ниво, но тој прими погодок од Мајорка, од единствениот шут на домаќините во рамките на неговиот гол.
https://twitter.com/thirdeyefooty/status/1185872053360123904
Од денот кога се врати во Мадрид, Куртоа е далеку од посакуваната форма која ја покажуваше во Атлетико, имено тој прими 84 голови во 60 мечеви.
Тоа е многу повеќе од просекот на Навас, па и натаму навивачите сметаат дека беше голем грешка што доби предност во однос на интернационалец од Костарика кој сезонава ги брани боите на ПСЖ.
Моментно Навас во француската „Лига 1“ со париските „светци“ е на првото место после 10 кола со 21 постигнат гол и пет примени.