Сензација: Реал поразен од Мајорка и Трајковски! (ВИДЕО)

twitter.com/LaLiga

Во последниот натпревар од саботната програма фудбалерите на Зинедин Зидан ги разочараа своите навивачи со пораз на гостувањето кај Мајорка (1:0).

Тоа беше прв пораз за „кралевите“ во Ла Лига, па така сега нема непоразени во првенството, за Мајорка ова беше трета победа, втора по ред за моментно 14 место во генералниот пласман со 10 бодови.

Единствениот гол за домаќините го реализираше Јуниор уште во седмата минута со еден убав погодок во мрежата на Куртоа.

Токму стрелецот во 81 минута беше заменет од македонскиот репрезентативец Александар Трајковски кој доби шанса да настапи против славниот Реал Мадрид кој претходно од 74 минута остана со еден играч помалку поради два жолти картони на Одриозола.

Претходно Барселона ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Еибар, Хетафе со головите на Анхел триумфираше над Легањес, а ремизираа Атлетико и Валенсија. Поведоа „јорганџиите“ со погодокот на Коста, а израмни Парехо во 82 минута од средбата.

„Ла Лига“, 9. коло

Сабота –

Еибар-Барселона 0:3
Атлетико Мадрид-Валенсија 1:1
Хетафе-Легањес 2:0
Мајорка-Реал Мадрид 1:0

Табела: Барселона 19 бодови, Реал Мадрид 18, Гранада 17, Атлетико Мадрид 16, Реал Сосиедад 13, Хетафе 13…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот