Науката вели дека ова се шесте најопасни намирници за здравјето

Фото: Принтскрин/Dvo

Во последниве години, здравата исхрана е сѐ повеќе во фокусот на младите и возрасните. За да знаете која храна е добра, а која лоша, клучно е да разберете од каде таа доаѓа. Лоша храна се смета онаа со мала или никаква хранлива вредност. Нездравата храна го зголемува ризикот од дебелина, дијабетес и срцеви болести.

Шест најопасни намирници за здравјето:

Пред сѐ, за опасни намирници се сметаат засладените пијалаци. Ако човек секојдневно ги консумира, потребно е постепено да го намалува нивниот внес. Газираните и слатките пијалаци треба да заземаат минимално учество во нашите менија.

На второ место се трансмастите. Трансмасните киселини настануваат како нуспроизвод на делумна хидрогенизација на растителните масла и при продолжено загревање на растително масло на повисоки температури. Имаат бројни негативни ефекти врз метаболизмот, особено во развојот на атеросклероза и кардиоваскуларни заболувања. Примери на храна која содржи трансмасти се маргарин, колачи, хамбургери и помфрит.

Следуваат рафинирани и додадени шеќери, кои предизвикуваат дебелина, а ги има во слатките, пченкарниот и јаворов сируп итн. Иако сите луѓе можат да имаат корист од намалувањето на внесот на шеќер, луѓето со дијабетес, висок крвен притисок и семејна историја на срцеви болести  треба да обрнат посебно внимание.

Треба да се избегнуваат и заситените масти, бидејќи нивното прекумерно внесување може да го зголеми нивото на ЛДЛ или штетниот холестерол. Нездрав е исто мононатриум глутамат, еден од најраспространетите адитиви во храната, односно засилувачи на вкусот. И на крајот, опасна по здравјето се смета и рибата со висока содржина на жива, како што се ајкулата, туната и сабјарката, пишува „Марка“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот