Научниците открија: Пиењето кафе може да помогне во лечењето на ракот на дебелото црево!

За луѓето со дијагностициран карцином на дебело црево, шолја кафе може да понуди неочекувани придобивки.

Пиењето повеќе кафе, до четири чаши на ден, е поврзано со подобри резултати кај пациенти со рак на дебелото црево, тврди студијата објавена на 17 септември во ЈАМА Онкологија.

Истражувачи од неколку медицински институции, вклучувајќи ги Клиниката Мајо и Институтот за рак Дана-Фарбер, испитале 1.171 пациент со карцином на дебело црево во опсервациска студија, како дел од клиничко испитување. Без оглед на варијабли како што се раса, употреба на алкохол, па дури и додатоци на кафе, како млеко и шеќер, тие откриле дека секој што пие две или три шолји кафе на ден има вкупно поголеми шанси за преживување од пациентите кои не пиеле кафе.

Како што истакнуваат, се покажало дека кај оние кои пиеле кафе, ракот напредувал побавно и имало помалку здравствени компликации.

Покрај тоа, колку повеќе кафе консумирале, толку повеќе придобивки имало. Пациентите кои пиеле четири или повеќе шолји кафе на ден имале најдобри стапки на преживување и најмал ризик од компликации на болеста. Ова важело и за кафето со кофеин и за кафето без кофеин, покажаа истражувањата.

Но, овие резултати не се доволни за да се воспостави причинско-последична врска помеѓу пиењето кафе и подобрите резултати од рак.

Сепак, претходните истражувања покажале дека потрошувачката на кафе е безбедна во умерени количини (до пет чаши на ден), но исто така е поврзана со помал ризик од одредени видови на рак, здрав метаболизам и помалку случаи на кардиоваскуларни болести.

Научниците претпоставуваат дека кафето може да има заштитени ефекти кај пациенти со карцином делумно затоа што помага во регулирање на нивото на инсулин, но и затоа што има многу антиоксиданти.

Важно е да се нагласи дека се потребни повеќе истражувања за да се разбере како кафето може да игра улога во резултатите од рак. Во меѓувреме, според истражувачите, кафето не треба да се смета за средство за лекување или спречување на рак, пишува Инсајдер.

„Иако е прерано да се препорача големо внесување кафе како потенцијален лек за рак на дебело црево, нашето истражување сугерира дека пиењето кафе не е штетно и може да биде корисно“, рече д-р Кимими Нг, автор на студијата, во соопштението за јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот