Научете да ги препознавате потребите на вашето куче

Фото: Pexels/Karolina Grabowska

Постојат однесувања и сигнали на кои треба да обрнете внимание за да откриете што точно му треба на вашето куче од вас.

Глад

Оние кои имаат кучиња знаат дека кучињата речиси секогаш можат да јадат, особено ако јадете и вие. Честопати ќе го забележите вашето домашно милениче како ве гледа со својот кучешки поглед и како ве моли да му дадете нешто и него. Сепак, постои разлика помеѓу таквите молитви за храна и вистинскиот глад. Доколку вашето куче фрли играчка пред вас, тоа всушност значи дека сака да јаде, а не да игра. Следниот пат кога кучето ќе дојде пред вас со играчка во устата и ќе ја фрли кон вас, дајте му храна.

Страв

Копањето е едно од вообичаените однесувања на кучињата и тоа е природна форма на вежбање и начин да се потроши енергијата. Но, постојат и скриени знаци зад копањето, а тоа понекогаш може да покаже дека вашето куче е исплашено. Ако фатите куче како копа за време на грмотевици или слични временски непогоди, тоа може да значи дека е вознемирено. Понекогаш кучињата копаат ако се плашат од опасните кучиња во соседството или од некои други потенцијални закани.

Болка

Куче што џвака чевли е позната глетка, но може да биде знак на вознемиреност, досада и стрес. Ако вашето куче е помладо од шест месеци, тоа може да значи дека му растат заби и се обидува да ја ублажи болката. Во други ситуации, џвакањето чевли може да значи дека на вашето домашно милениче му недостасуваат хранливи материи.

Здравствени проблеми и вознемиреност

Кучињата ги лижат луѓето од многу причини, а во некои ситуации лижењето може да биде показател на вознемиреност или компулсивно однесување. Исто така, може да забележите дека вашето куче често ја лиже ногата. Тоа може да биде знак дека го чешаат шепите поради алергија. Ако кучето постојано лиже, посетете ветеринар.

Жед

Постојат очигледни знаци дека вашето куче е дехидрирано, а тоа се суви очи и интензивно издишување, но има и некои други сигнали на кои треба да обрнете внимание. Ако вашето куче е летаргично, не сака да јаде, има сув нос и суви непца, тоа исто така може да биде знак на дехидратација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот