Наследничка на хотелското царство: Од дива богаташка до снаа во една од најтаинствените фамилии – Слободен печат
ЖенаМагазин

Наследничка на хотелското царство: Од дива богаташка до снаа во една од најтаинствените фамилии

На 21 година се омажила со Тод Меистер, претприемач и нејзин пријател од детството. Се венчале во мала капела во Лас Вегас, а по три месеци го поништиле бракот.

Парис Хилтон на сите им е позната како разгалена богаташка, богата наследничка, љубителка на разуздани забави, пријателка на Ким Кардашијан… Од друга страна, нејзината сестра Ники не сака да се експонира, не учествува во риалити форматите и не ја интересираат таблоиди. Живее како вистинска припадничка на високото американско друштво и со својот сопруг е вистинска спротивност на американското благородништво. Ники Хилтон е родена како второ од четирите деца на Ричард и Кати Хилтон.

Католичка гимназија и престижно средно училиште

Сите деца на Ричард и на Кати раснеле во незамисливо богатство, учеле во скапи приватни училишта и во луксуз кој на обичните смртници им е тешко да го замислат. Ники одела во приватно католичко училиште, а подоцна на престижниот универзитет „Парсонс“ запишала дизајн, но никогаш не дипломирала.

Сепак многу брзо лансирала сопствена линија на облека, а потоа се занимавала со дизајн на накит, но ташните ѝ биле најголе ма страст. Освен тоа кратко се занимавала со манекенстви и со партнери отворила два хотели, еден во Мајами, друг во Чикаго. На крај партнерството завршило на суд.

Foto: Profimedia
Profimedia

Се омажила за пријател од детството, па го поништила бракот

Со своите љубовни избори Ники им задавала главоболки на родителите. На 21 година се омажила со Тод Меистер, претприемач и нејзин пријател од детството. Се венчале во мала капела во Лас Вегас, а по три месеци го поништиле бракот. Подоцна објаснила дека избрзано одлучила да се омажи, а притоа не размислила за одлуката.

Набрзо следела љубовната врска со финансиерот и наследник на династијата Ротчајлд. Се запознале во 2011 година, а се венчале во 2015 година во Лондон. По свадбата добиле две девојчиња, а Ники се посветила на улогата на мајка.

Profimedia

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close