Народниот правобранител: Советот на општина Карпош ги повредил правата на децата

Најстарата скопска градинка „Орце Николов“
Најстарата скопска градинка „Орце Николов“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Советот на Општина Карпош ги повредил правата на децата загрижени во детските градинки на ова општина со тоа што донесел одлука со која децата кои не се место на живеење во ова општина треба да се отпишат најдоцна до 10 јуни 2022 година, велат од Народниот правобранител.

Народниот правобранител согласно законски определениот мандат и надлежности, меѓу другото, за заштита и остварување на правата на децата, благовремено презеде дејствија и достави Укажување до градоначалникот на општина Карпош и до претседателот на Советот на Општина Карпош, за констатирана повреда на правата на децата згрижени во детските градинки во општина Карпош.

„Со донесената Одлука се врши повреда на правата на децата, им се наштетува на овие деца и се постапува спротивно на најдобриот интерес на децата загарантиран со Конвенција за правата на детето и со Законот за заштита на детето, а воедно се постапува и спротивно на Уставот на Република Северна Македонија, и побара отстранување на констатираната повреда“, велат од Народниот правобранител.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот