Направила голема измама: Сите ја знаат како успешна манекенка и актерка, а еве како стигнала до слава! (ФОТО)

Instagram

Али Лартер е преубава актерка која имавте прилика да ја гледате во серијата „Херои“, а таа има добиено уште неколку важни улоги во својата кариера.

Лартер вчера го прослави 44. роденден, а и понатаму изгледа многу помладо од своите колешки.

Нејзиниот изглед се должи на тоа што во минатото Лартер се занимаваше со манекенство.

Нејзините агенти ја открија на само 14 години, а потоа, неколку години подоцна, се случи вистински пресврт.

Лартер имаше 21 година, кога фотографот, со кого соработувала од порано, ја прашал дали сака да се слика за магазинот „Esquire“, кој во тој период подготвувал лажен текст.

Идејата била намерно да се создаде фама околу „новата девојка која ќе го промени светот“, односно лажна приказна за „девојката која наводно спиела со ѕвездата на серијата „Пријатели“, Дејвид Швимер, а чии голи слики набргу ќе предизвикаат скандал од невидени размери“.

Модните и филмските агенти се обидоа да допрат до тој измислен лик, за потоа главниот и одговорен уредник на магазинот да каже дека станува збор за обична измама.

Сепак, иако приказната беше лажна, нејзините слики во магазинот беа доволни за таа да го привлече вниманието.

Така започна нејзината телевизиска кариера – таа ја толкуваше улогата на Ники Сандерс во популарна серија на „Ен-Би-Си“, а потоа сними неколку филмови како „Varsity blues“ и „Final destination“.

Актерката вчера наполни 44 години, а погледнете само како изгледа:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот