Нападите на Меси се неосновани, Барселона заработила богатство од Аргентинецот

epa08604127 Lionel Messi of Barcelona reacts during the UEFA Champions League quarter final match between Barcelona and Bayern Munich in Lisbon, Portugal, 14 August 2020. EPA-EFE/Manu Fernandez / POOL

Весникот „Мундо Депортиво“ го потресе фудбалскиот свет кога во неделата го објави договорот на Лионел Меси со Барселона, а потоа продолжи да објавува уште некои бизарни детали.

Неверојатни се клаузулите во договорот на Меси со Барселона!

Главна поента на весникот е тоа што клубот се наоѓа пред банкрот, а Меси за четири години заработил половина милијарда евра. Речиси сите веднаш помислија дека тоа е причината за големите финансиски проблеми, но сега се појави нова студија која го покажува сосема спротивното, Барселона заработила вистинско богатство на Лионел Меси.

Хаос во Барса поради Меси, грмат адвокатите кои најавуваат тужби!

Според дооговорот, Лионел Меси има годишна плата од 138 милиони евра, а за потпис на договорот доби 115.2 милиони, додека како бонус за лојалност му следуваат 78 милиони евра, што доведува до бројката од 555 милиони евра за четиригодишниот договор кој е потпишан 2017 година.

Но, студијата во која учествуваа еден математичар, финансиер и економист, Марк Сирија, Жозео Фабра и Иван Кабеса покажа колку Барселона заработила на Меси и тие својата студија не ја објавија во „Мундо Депортиво“ туку друг каталонски весник „Спорт“.
Според заклучокот на студијата, Меси го чинел клубот 383 милиони евра, а на Барселона и донел 618 милиони, што покажува дека каталонскиот клуб заработил 236 милиони евра, иако во студијата не е одработувана актуелната сезона бидејќи сè уште не постојат податови.

Студијата наведува дека парите кои Меси ги носи во касата на Барселона изнесуваат дури 30 проценти од вкупните приходи на клубот.

– Постојат повеќе методологии, а треба да се земе во предвид дека никој ги нема сите информации од клубот. Но, и без тоа, јасно е дека Меси е носител на целата франшиза, тој е центарот клупската политика. Како создавате ваков тим на работење? Со постигнување на голови. Постојат спонзорски договори кои се огромни и доколку не беше Меси во тимот тогаш ниту тие нема да беа толку големи. Кога на тоа ќе се додете пресметливиот приход од влезниците, маркетингот и дресовите (осум од десет продадени дресови се на Меси), математиката е многу јасна – изјави Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот