Намалување на невработеноста и зголемување на ритамот на развој, предвидува нацрт буџетот на Грција

Зголемување на ритамот на развој од 1,9 отсто во првата половина на 2019 на 2,8 проценти за следната година, примарен суфицит од 3,56 отсто на БДП, намалување на невработеноста на 15,6 проценти, зајакнување на инвестициите, предвидува меѓудругото нацрт предлогот за државниот буџет на Грција за 2020 доставен денес до Парламентот од министерот за финансии, Христос Стаикурас, jави дописничката на МИА од Атина.

Нето приходите на државниот буџет, предвидено е да достигнат до 54. 286 милиони евра, со зголемување од 480 милиони евра или 0,9 наспроти целите на буџетот за 2019.

Во однос на расходите за 2019 процените се дека ќе достигнат 56. 302 милиони евра, намалени за 654 милиони евра во однос на целта на изгласаниот буџет за оваа година.

Предлог буџетот, предвидува намалување на невработеноста за 2020 од 17,4 отсто на 15,6 отсто и зголемување на инвестициите за 13,4 проценти.

Заменик министерот за финансии на Грција, Тодорос Скилакакис вели дека буџетот за 2020 година ги поставува темелите за „прекинување на прекумерното оданочување и намалувањето на вложениот капитал што беа карактеристични за периодот 2016-2018 година”. Тој додава дека новата влада спроведува нова економска политика „со амбиција да ги постави темелите за нова ера во грчката економија и општеството”.

-Севкупно, мерките за зајакнување на економијата, заедно со новите социјални иницијативи, изнесуваат 1.200 милиони евра, и го вклучуваат сето она што го најави премиерот Киријакос Мицотакис во неговиот неодамнешен говор на Меѓународниот саем ви Солун, а се однесуваат на финансиите за 2020 година, вели Скилакакис.

Нацрт предлогот за државниот буџет на Грција за 2020 беше доставен денес до надлежната комисија за економски прашања во грчкиот Парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот