Најзгодниот маж во Италија се откажува од манекенството, ќе стане свештеник

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Младиот Едоардо Сантини, некогаш прогласен за „најзгоден маж“ во Италија, реши да го напушти светот на манекенството за да се посвети на свештеничкиот повик.

Кога имал само 17 години, Едоардо ја добил оваа престижна титула како дел од натпреварот „Убавината на Италија“ (Il Bello d’Italia), организиран од страна на модната група АБЕ. Овој настан го лансираше во светот на манекенството и моделингот додека истовремено студираше драма и танц, пишува „Њујорк пост“.

Неодамна, Едоардо јавно објави на социјалните мрежи дека го напушта светот на славните, бидејќи донел одлука да стане свештеник.

„Татко ми на 21 година се ожени со мајка ми бидејќи таа беше бремена, а мајка ми, исто така, на 21 година стана мајка. Сега на 21 година сакам, ако даде Господ, да станам свештеник“, изјавил Едоардо.

Тој посочи дека луѓето со кои се запознал во последните години му ја покажале вистинската суштина на „црквата“.

„Тие ми дадоа сила да го истражам овој повик што го носев уште од детството, но разни стравови ме спречија подлабоко да се посветам на тоа“, објаснил тој.

На почетокот на минатата година тој ја започна својата „подготовка“, која му претходи на влегувањето во Богославијата.

„Сега сум тука, учам теологија и служам на две парохии во епархијата во Фиренца“, додава тој.

Едоардо е свесен дека луѓето ја озборуваат неговата одлука да стане свештеник, но тој истакнува дека нема да дозволи интернетските тролови да го одвлечат од неговата нова животна мисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот