Највисоката плима во последните 50 години предизвика голема поплава во Венеција (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA

Делови од италијанскиот град Венеција се под вода, откако беше регистрирана највисоката плима во градот во последните 50 години, пренесе Би-Би-Си.

Водата се искачи на ниво од еден метар и 87 сантиметри, според центарот за мониторинг на нивоата на водата. Само еднаш откако се следи висината на водата од 1923 година плимата била повисока, кога достигнала еден метар и 94 сантиметри во 1966 година.

Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA

Фотографиите од популарната туристичка локација покажуваат многу познати локации кои комплетно се поплавени и како жителите и туристите тешко се движат Венеција.

Плоштадот Свети Марко – една од најниските локации во градот – беше еден од деловите на градот кои се соочија со најголемите проблеми. Базиликата на Свети Марко беше поплавена шести пат во последните 1.200 години, според информациите.

Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро рече дека ќе прогласи вонредна состојба и предупреди дека оваа поплава може да остави „трајни последици“.

– Ситуацијата е многу драматична. Сакаме владата да ни помогне. Цената ќе биде голема. Ова е резултат на климатските промени – напиша тој на Твитер.

Жителите низ градот мораа да се движат низ поплавените подрачја, бројни кафулиња и ресторани се соочија со сериозни проблеми, а продавачите мораа да ги разместат своите продукти за да спречат понатамошна штета.

Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот