Најстудено во Берово, измерени минус шест степени

Снег / Фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi HUNGARY OUT

Најниска температура утрово е измерена во Берово – 6 степени, во Прилеп -5, во Скопје-Петровец, Битола и Струмица – 4, во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Маврови Анови, Попова Шапка – 3 степени, Претор, Штип и Демир Капија – 2, во Крива Паланка, Виница, Крушево, Дебар, Велес, Кавадарци – 1, во Охрид и Куманово 0, во Гевгелија 1 и во дојран 4 степени.

Најмногу снег 38 сантиметри има во Маврови Анови, 23 сантиметри во Крушево, 12 на Попова Шапка, 10 во Тополчани, осум во Пожаране и два сантиметри во Ѓуриште.

Во текот на ноќта времето беше ведро и претежно тивко, а утрово е сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини има појава на магла и намалена хоризонтална видливост од 50 до 200 метри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, преку денот умерено облачно со умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот