Најстариот американски ветеран од Втората светска војна го прослави 112-от роденден

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Најстариот американски ветеран од Втората светска војна, Лоренс Брукс на 12 септември го прослави 112-от роденден.

Роденденот го прославил во својот дом во Њу Орлеанс, а по тој повод забавата му ја приредил Националниот музеј за Втората светска војна. Гувернерот на сојузната држава Луизијана, Џон Бел Едвардс му го честитал роденденот.

„Господине Брукс, целата држава Луизијана ви е благодарна за она што го постигнавте и ви посакуваме да уживате во вашиот роденден“, му порачал Едвардс.

Музејот ја приредил оваа забава и покрај тоа што другите забави во последните две години биле откажани поради коронавирусот. Дел од прославата била и парадата на теренците и настапот на музичко трио.

Брукс е роден во 1909 година во Норвуд, Луизијана, а во Њу Орлеанс живее од 1929 година. Тој бил регрутиран во 1940 и служел во 91-от инженерски баталјон. Тоа било случај сѐ додека не бил испратен во Нова Гвинеја и Филипините, каде ја градел инфраструктурата како мостови, улици и аеродромски патеки.

Во една прилика раскажал што се случувало кога се наоѓал во авионот Ц-47, со која била доставувана бодликава жица, во моментот кога му откажал моторот. Жицата ја исфрлиле од авионот за да го направат полесен. На пилотот и копилотот, кои единствени имале падобрани, им рекол дека ќе се држи за едниот од нив ако бидат принудени да скокнат од авионот

Како што рекол, сепак успеале и потоа се смееле за тоа што се случувало, пренесува АП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот