Најслабата фудбалска репрезентација во светот испиша историја: На три натпревари во низа постигнаа гол

Фото: Profimedia

Репрезентацијата на Сан Марино како и што се очекуваше беше поразена на сите десет натпревари во квалификациите за Европското првенство, но најслабо рангираната репрезентација на ФИФА ранг листата (211) испиша сопствена историја.

До историски резултат Сан Марино стигна со голот против Финска во 97. минута од пенал. Со тој гол оваа репрезентација првпат во својата историја постигна гол на три натпревари во низа.

Претходно постигнуваа голови во поразите против Данска и Казахстан. Сан Марино вкупно во својата историја одигра 194 натпревари, а победи само на една средба, против Лихтенштајн во пријателски натпревар во 2004 година.

Но, нивни најважен резултат во историјата е ремито без голови против Турција во 1993 година. Најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата е Енди Селва кој на 73 натпревари постигна осум гола во период од 1998 до 2016 година.

Во квалификациите за Европското првенство играа во група со Словенија, Данска, Финска, Казахстан и Северна Ирска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот