Најмалу 11 загинати во напад на џихадисти во источен Ирак

Фото: МИА

Најмалку 11 цивили загинаа во напад на џихадисти во источен Ирак, изјави утринава локален претставник.

Цел на нападот во провинцијата Дијала бил минибус кој превезувал цивили од предизборен митинг. МВР соопшти дека доцна синоќа кон минибусот биле фрлени две експлозивни направи, а потоа и било пукано од снајпер од непозната локација. Најмалку 13 лица се ранети.

Нападот беше неколку недели пред локалните избори закажани за 18 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот