Најмалку четири жртви од снежната бура во Шпанија

Најмалку четири лица загинаа во снежната бура Филомена во Шпанија, а сообраќајот е парализиран во некои делови на земјата. Војската и спасувачките служби извлекоа 1.500 луѓе од автомобилите што останаа завеани на патиштата.

Маж и жена се удавија во река кога автомобилот им потонал во надојдената вода во близина на Малага, додека на истокот од земјата бездомник почина од смрзнување. Четвртата жртва е пронајдена во Мадрид, под големо количество снег.

Министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка ги повика граѓаните да не ги напуштаат своите домови без потреба.

– Се соочуваме со најсилното невреме во последните 50 години, рече тој.

Снегот парализира повеќе од 650 патишта, а некои возачи се завеани во автомобилите.

Училиштата и универзитетите во Мадрид ќе бидат затворени до среда, а аеродромот не е отворен од синоќа. Најмалку 50 летови се откажани.

Одложени се и фудбалските натпревари, вклучувајќи го и денешното дерби Примера Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао.

Мадрид е погоден од најсилната снежна бура од 1971 година, соопшти метеоролошката агенција.

Во главниот град на Шпанија падна снег меѓу 25 и 50 сантиметри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот