Најмалку 23 цивили загинаа во руски воздушен напад во Сирија

Ракета, илустрација / Фото: Архива на Слободен печат

Како одговор на руското бомбардирање, испалени се ракети врз Алепо кој е под контрола на сириските сили.

Најмалку 23 цивили, меѓу кои и 13 деца загинаа во воздушен напад од руски авиони на северозападот на Сирија.

Руските воздухопловни сили го нападнале последното големо упориште на сириските бунтовници, кои се противат на властите во Дамаск.

Новиот договор за прекин на непријателството помеѓу Русија и Турција, држави кои поддржуваат различни страни во судирот, стапи во сила на почетокот на годинава, но насилството продолжува и натаму.

Како одговор на руското бомбардирање, испалени се ракети врз Алепо кој е под контрола на сириските сили.

Во тој напад убиени се три цивили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот