Најмалку 15 мртви по самоубиствен напад во Сомалија
Главниот град на Сомалија, Могадиш, беше погоден од бомбашки самоубиствен напад во воена база, каде загинаа најмалку 15 луѓе, сведоци пренесуваат за ББС.
Напаѓачот бил дел од новата група на регрути во воената база. Засега не се знае која група стои зад нападот, но безбедносните институции на Сомалија се често мета на исламската воена група ал-Шабаб.
Според првичните вести, на местото на несреќата имало 10 мртви, но ББС пренесува дека од болницата во Могадиш тврдат дека има најмалку 15 жртви.
Ал-Шабаб постои повеќе од деценија, борејќи се за контрола на државата против сомалиската влада, која е подржувана од Обединетите Нации.