Најмалку 12 загинати, а 10 се водат за исчезнати по поплавите во југозападна Кина

Фото: Миа.мк

Најмалку 12 лица загинале, а други 10 се водат за исчезнати по поројните дождови во провинцијата Сечуан, во југозападна Кина, пренесе агенцијата Ксинхуа.

Агенцијата јавува дека дождот, што во петокот и саботата се излеа над округот Мианинг, предизвикал поплави од кои починале 10 души, а седум други се водат за исчезнати.

Во регионот на Гаојан, пак, два автомобила паднале во реката заради оштетувања од поплавените патишта, при што две лица загинале, а уште тројца се водат за исчезнати.

Евакуирани се приближно 10.000 локални жители од регионот на природната катастрофа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот