Најмалку 12 Палестинци се удавија обидувајќи се да извадат пакети со храна фрлени во морето

Воен авион исфрла пакети со хуманитарна помош во Газа - Фотографија ЕПА, Абир Султан

Најмалку 12 Палестинци се удавија крај северниот брег на Појасот Газа во близина на Беит Лахиа додека се обидуваа да стигнат до фрлените пакети што паднаа во морето, според тврдењата на локалните болничари, пишува Си-ен-ен. 

Снимките до кои дојде Си-Ен-Ен покажуваат стотици Палестинци кои брзаат кон местото на падот на помошта, а некои се впуштаат во водата за да ги дофатат пакетите коишто не се близу до бреговите на Газа.

Абу Мохамад, кој бил сведок на инцидентот, изјави за Си-Ен-Ен дека помошта била фрлена далеку од брегот во морето, по што повеќе мажи „кои не знаат да пливаат се удавиле“ додека се обидувале да ја извлечат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот