Најистакнатите британски музичари бараат 50% од приходите од стриминг платформите

epa-efe

Повеќе од 150 најистакнати британски музичари се потпишале во писмото кое Британскиот сојуз на музичари го испрати до премиерот Борис Џонсон со кое се бара итно решавање на односите при распределбата на приходите од стриминг платформите.

Писмото доаѓа како дел од т.н. „The Brokenrecords Campaign“ како дел од парламентарното утврдување на односите што владеат во музичката индустрија.

Instagram
Instagram

Писмото до британскиот премиер го потпишаа, меѓу другите, Пол Макартни, сите живи членови на групата Лед Зепелин, Ени Ленокс, Питер Габриел, Роберт Фрип, Роберт Смит, Марк Нопфлер, Крис Риа, Масив Атак и Кемикал Брадерс, Ноел Галагер, Крис Мартин, Лили Ален, Селест, Роџер Далтри, Палома Фејт.

Писмото има дополнителна тежина затоа што е потпишано и од музичари со долгогодишна кариера, но исто така и од млади и успешни луѓе кои се соочуваат со неправдите во светот на музиката.

EPA-EFE
EPA/JOSÉ SENA GOULÃO

Потпишаните музичари во писмото до британскиот премиер велат дека предолго, стриминг платформите, издавачките куќи и другите интернет гиганти ги искористувале изведувачите и креаторите без фер компензација.

Стримингот брзо го заменува радиото како главно средство за музичка комуникација. Сепак, законските решенија не одат во чекор со технолошките промени и, како резултат, изведувачите и авторите не уживаат соодветна заштита како со радио-емитувањето“, предупредуваат тие.

epa-efe
EPA/DAN PELED

За да се поправи ова, потребно е, велат британските музичари, да се променат само два збора од Законот за авторски права од 1988 година.

Instagram

Итната владина интервенција за регулирање на конкуренцијата е првиот чекор кон регулирање на овие односи, велат тие, истакнувајќи дека музичарите генерираат 50% од своите приходи од радио станиците, но само 15% од стриминг сервисите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот