Најголемиот африкански извозник на памук планира да го запре извозот и да отвори фабрики за преработка

памук
Поле со памук, Фото: Profimedia

Бенин во последните неколку години стана водечки производител на памук во Африка, а сега најавува развој на сопствена текстилна индустрија, чии производи планира да ги пласира на европскиот пазар.

Бенин произведе 728.000 тони памук во 2020 и 2021 година и во моментов го извезува главно во Бангладеш.

„Одлучивме повеќе да не продаваме сиров памук. Ќе го преработиме, пред сè, со изградба на интегрирани текстилни фабрики“, рече Летонџи Бехетон, директор на индустриската зона Гло-Џигбе (ГДИЗ), на околу 45 километри од Котону.

ГДИЗ беше отворен пред две години како резултат на партнерство помеѓу владата и Arise Integrated Industrial Platforms, пан-африканска компанија делумно во сопственост на африканската развојна банка Africa Finance Corporation.

Досега во зоната се инвестирани повеќе од една милијарда долари, а во неа ќе бидат „домашни“ текстилни и фармацевтски фабрики, погони за преработка на кашу и други индустриски капацитети, рече Бехетон.

Системот за транспорт на памук од терен до фабрика се уште не е воспоставен, но ГДИЗ започна со обука на околу 1.000 работници кои првично ќе произведуваат облека од увезени материјали.

„Кога фабриката Гло-Џигбе ќе почне да работи, сигурен сум дека ќе заработиме повеќе“, рече 46-годишниот фармер на памук Леонард Маџаеду, кој доби владина поддршка за зголемување на приносот.

За 13 месеци, индустриската зона планира да вработи 15.000 работници во три текстилни фабрики, кои ќе имаат капацитет да преработат околу 40.000 тони памучни влакна, рече Бехетон.

Бенин на крајот треба да добие текстилна индустрија од повеќе милијарди долари, која би можела да преработува поголем дел од памукот во земјата, додаде тој.

Иницијативата за отворање работни места и генерирање приходи преку преработка на памук треба да го овозможи тоа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот