Најбогатиот човек во светот повторно со рекордна заработка за еден ден

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот / Фото: Архива на Слободен печат

Основачот на Амазон, Џеф Безос, постави нов рекорд во дневна заработка зголемувајќи го своето богатство за 13 милијарди долари во еден ден.

Сега тој на своето конто има 189 милијарди долари.

Безос значително го зголеми своето богатство за време на пандемијата од корона вирусот бидејќи милиони луѓе кои поради Ковид – 19 останаа затворени во своите домови па преминаа на „интернет шопинг“ и посегнаа по услугите на „Амазон“ со цел да нарачаат храна, облека, книги или некои други предмети за забава, пишува „Гардијан“.

Со ваквиот напредог скок забележаа и акциите на оваа компанија кои од почетокот на годинава пораснаа за 70 отсто.

Само во понеделникот тие забележаа раст од осум отсто на рекордни 3.197 долари.

Безос кој ја стартуваше „Амазон“ од својата гаража во 1994 година се уште поседува 11 отсто од уделот во својата компанија, како и сопственост над компанијата која се занимава со вселенските патувања „Блу Ориџин“ и „Вашингтон пост“.

Неговото богатство од јануари годинава порасна за 74 милијарди долари. За споредба богатството на Безос го надминува БДП на Унгарија, Украина и Катар.

Безос сега е побогат за 71 милијарда долари од следниот на листата најбогати, основачот на „Микрософт“, Бил Гејтс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот