Нагелсман ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен!?

epa09007727 Leipzig's head coach Julian Nagelsmann reacts during the German Bundesliga soccer match between RB Leipzig and FC Augsburg in Leipzig, Germany, 12 February 2021. EPA-EFE/CLEMENS BILAN / POOL CONDITIONS - ATTENTION: The DFL regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video.

Иако во текот на минатата недела, Јулијан Нагелсман ги демантираше ваквите информации, сега повторно се шпекулира дека тој ќе седне на клупата на баварскиот гигант.

Угледниот германски медиум „Билд“ објави дека Нагелсман ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен. Иако самиот го негираше ова во средината на минатата недела, јасно е дека последните разговори сè уште беа во тек.

Лајпциг сега мора да се согласи на намалување на надоместокот за младиот германски стручњак кој е под договор до лето 2023 година.

Нагелсман нема минимална клаузула за отштета во договорот со Лајпциг, а Баерн го проценува на 25 милиони евра и е подготвен да плати за тоа, но Лајпциг наводно бара 30 милиони.

Иако има само 33 години, веќе е добро познато име на фудбалската мапа, со Лајпциг минатата сезона успеа да стигне до полуфиналето во Лигата на шампионите.

Во Баерн треба да дојде како наследник на Ханси Флик кој пак се поврзува со функцијата селектор на германската репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот