Надал конечно ќе го каже судбоносното „Да“

EPA/AURELIEN MEUNIER

Рафаел Надал по 14 години забавување со девојката Франциска Перељо Чиска, кон средината на јуни планира да го каже судбоносното „да“.

Иако се уште не е позната дефинитивната дата на свадбата, шпанските медиуми шпекулираат дека свадбата ќе се случи во јуни, по што се појави вест дека Шпанецот би можел да го пропушти неговиот омилен Гран слем, Ролан Гарос, поради медениот месец.

Иако не ја открија датата на свадбата, медиумите дознаа повеќе детали околу свеченоста.
Предвидено е свадбата да се одржи во Мајорка и се очекува присуство на 500 најблиски пријатели на двојката. Од колегите, покрај шпанските тенисери, се очекува присуство и на Швајцарецот Роже Федерер.

Што се однесува до храната, Надал и Чиска ќе имаат поинакво мени од традиционалните свадби. Поради специјалниот режим на исхрана на Надал, гостите на располагање ќе имаат специјалитети од традиционалната шпанска кујна во која доминираат рибата и месото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот