Надал ја откри тајната за успехот на големата тениска тројка

Шпанскиот тенисер исто така зборува и за новата генерација која треба да ги наследи него, Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер.

По Новак Ѓоковиќ кој веќе е активен со тренинзите и се подготвува за „Adria Tour“ серијата турнири кои ќе се играат во регионот, и Рафаел Надал по двомесечна пауза почна со тренинзите.

– Мораме да го сведеме ризикот од повреди на минимум. На теренот не поминувам повеќе од 90 минуту, а има е денови кога воопшто не тренирам – вели Надал.

Шпанецот со нетрпение го очекува продолжувањето на тениската сезона каде го очекуваат дуели со големите ривали Ѓоковиќ и Федерер, но и со младиот бран на тенисери.

Надал ја открива тајната на успехот на големата тениска тројка која има вкупно 56 грен слем титули.

– Можеме да зборуваме за технички работи, но најважна е љубовта кон тенисот која ја чувствуваме ние тројца. Без тоа, ништо не е возможно и поради таа љубов ние постојано напредување, се прилагодуваме и се усовршуваме. Секој има свои стил, свои мотиви и цели, но сите можевме да напредуваме низ сите овие години и затоа сме тука каде што сме – открива Надал кој даде свое мислење и за новата генерација која треба да ги наследи.

– Младите веќе се тука, се борат и освојуваат титули. Се уште не освоиле грен слем трофеј бидејќи ние се уште играме и се надевам дека таа борба ќе потрае.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот